Вработените во здравството повторно извисени од министерот Венко Филипче. Трет месец по ред го немаат добиено најавеното зголемувањето на платата од пет проценти, кое Филипче го најави во март, за подоцна да излезе дека ќе го добијат како додаток на плата само одреден период, дознава Курир.
Исплата нема за месеците мај, јуни, јули, а веќе е поминат и повеќе од половина август.
Покачувањето, односно додатокот за март вработените во здравствениот сектор го добија месеци подоцна односно исплатата беше извршена во јуни. Кратко потоа беше извршена исплатата и за месец април.
Во меѓувреме одговорот на Филипче за доцнењето беше дека се работи за технички и административни проблеми.
Сега е август, а вработените го чекаат ветеното покачување за месец мај.
Курир денеска се обрати до Министерството барајќи одговор кога вработените во здравството ќе ја добијат исплатата за овие три месеци. До објавување на овој текст, одговор од Министерството не добивме.
За потсетување, Филипче на 9 март на социјалните мрежи објави дека сите вработени во здравствениот сектор со мартовската плата ќе добијат покачување од 5 проценти.