Повторно намален бројот на бегалци на кои им е дозволен влезот во САД

Соединетите држави соопштија во четвртокот дека планираат да дозволат населување на само 18.000 бегалци во земјата во фискалната 2020 година, што е најмалкиот број во историјата на современата бегласка програма.

За потег кој активистите од невладините организации кои ги бранат имигрантите го оценија како кршење на хуманитерните обврски на САД, администрацијата на претседателот Доналд Трамп одговори дека мора да го пренасочи фокусот на обработката на заостанатите неколку стотици илјади барања за азил, од кои повеќето доаѓаат од мигрантие од Централна Америка, кои ја минуваат американск-мексиканската граница.

„Во моментов оптоварувањето на американскиот доселенички соства мора да се ублажи пред да се овозможи повторното населување на голем број бегалци“, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Истовремено, претседателот Доналд Трамп издаде извршна наредба, велејќи дека неговата администрација ќе бара дозвола од државните и локалните власти за повторното населување на бегалци во нивните заедници.

Намалувањето на имиграцијата е централен дел од мандатот на Трамп. Еден од неговите први потези откако во јануари 2017 година ја презема должноста беше издавањето на уредбата со којашто максималниот број бегалци за таа година беше ограничен на 50.000, штое помалку од половина од бројката која претходниот претседател Барак Обама ја одреди само неколку месеци претходно.

Предложената нова бројка вклучува специфични решенија за американската национална безбедност и надворешнополитички интереси, појаснуваат од Белата куќа.

Од предвидените 18.000, 4.000 се резервирани за Ирачани, 5.000 за оние кои багаат од верски прогон и 1.500 за лица од ткн Северен триаголник кој го сочинуваат Хондурас, Гватемала и Еквадор. Со тоа преостануваат 7.500, или околу 40 отсто, за сите останати.