Стотина деца од „Раде Јовчевски – Корчагин“ од денеска се повторно згрижени во градинката и се со своите воспитувачки.
Штетите од поплавата се санирани, плочките се обновени и се создадени услови децата повторно да се вратат.
Храната, до санација на кујната се носи од друг објект.
Кујната ќе се реновира комплетно за околу една недела.