![instagram](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/02/instagram.jpg?resize=640%2C427&ssl=1)
Американската технолошката компанија сопственик на најголемата социјална мрежа на светот „Facebook Inc“ потврди во петокот дека дел од неговите корисници повторни имале проблеми со пристапот до апликациите и услугите, неколку дена откако шест часа беше оневозможен пристапот до Facebook, Instagram и Whatsapp.
Некои корисници во петокот биле оневозможени во пристапот до своите сметки на Instagram, додека други се жалеле дека не можат да испраќаат пораки преку Messinger.
„Свесни сме дека некои имаа проблеми со пристапот до нашите апликации и производи. Работиме на тоа да ги вратиме работите повтрно во нормала што е поскоро можно и се извинуваме за непријатностите“, објавија од Facebook во твит.
Беб-страницата Downdetector објави дека во петокот имало повеќе од 36.000 извештаи за проблеми со Instagram, како и 800 за платформата за пораки на Facebook.
Апликациите WhatsApp и Instagram, како и самиот Facebook, паднаа во поладневните частови во понеделникот, и беа недостапни за корисниците речиси шест часови.
Испаѓањето на Facebook од глобалната мрежа беше втoриот удар за компанијата неколку дена откако „свиркач“ во неделата ја обвини компанијата дека зачестено дава предноста на добивката наместо на сузбивањето на говорот на омраза и ширењето омраза на своите социални платформи.
Во вторникот, пак, поранешната вработена во американсктата технолошка компанија „Facebook Inc“, Френсис Хојген, на сведочењето пред Конгресот истакна дека производите на таквите компании им штетат на децата и ја поттикнуваат поларизацијата во САД и дека директорите на најголемата социјална мрежа во светот ги отфрлаат промените бидејќи нивниот профит е поважен од безбедноста.
Акциите на „Facebook Inc“ загубија на вредноста уште по извштајот на „свиркачот“, а потоа продолжија со падот. Додека корисниците поитаа кон конкурентските апликации како што се Twitter и TikTok, акциите на Facebook паднаа за 4,9 отсто до крајот на тргувањето во понеделникот по американско време, што е нивниот најголем дневено пад од ноември 2020 година.