Германските машиновозачи вработени во „Deutsche Bahn“, се закануваат дека од денес па во следните шест дена ќе го блокираат железничкиот транспорт во земјата.
Светските агенции пренесуваат дека помалата синдикална организација, денес во 15 часот ќе го започне штрајкот со товарните возила, додека од утре од сообраќај ќе бидат исклучени и патничките возови во Германнија. Оваа одлука ги засега како регионалните возови, така и оние на долги растојанија, како и урбаната железница „S-Bahn“, кој е раководена од „Deutsche Bahn“ – во Минхен и областа на Рајна и Мајна.
Ако плановите се реализираат, тогаш овие 127 часа штрајк во патничкиот транспорт би биле најдолгиот штрајк во историјата на железничката компанијата. Овој штрајк ќе биде осмиот протест како резултат на конфликтот меѓу вработените и концернот.
Машиновозачите инсистираат за зголемување на платите за 5% и намалување на работните часови од 39 на 37 часа неделно. Повеќе проблематично е барањето на синдикатот да преговара и од името на други службеници, кои традиционално се претставувани од конкурентниот поголем синдикат „Eisenbahn- und Verkehrsgewerkschaft“ (EVG).
Во четвртокот синдикатот го отфрли новиот предлог на „DB“, вклучувајќи 4,7-процентно зголемување на платите на две фази од 1-ви јули и еднократна исплата на 1.000 евра до 30-ти јуни.
Од „Deutsche Bahn“ изјавија уште на крајот на минатата година, дека предложиле 5% покачување на платите за наредните 30 месеци за возачите, но нема да го прифати предлогот за плаќањето на останатите вработени.
Во „GDL“ членуваат 19.000 од 196.000-те вработени на компанијата во Германија. Организацијата е постојано критикуван поради своите штрајкови, организирани во контекст на слабеење на економијата.