Грчката полиција употреби солзавец против азилобарателите во кампот Идомени на грчко-македонската граница, откако група мигранти се обиде да ја премине границата и да навлезат во Македонија, јаввува Раша Тудеј, повикувајќи се на грчкиот веник Антена.
#Tränengas-Granaten explodieren in #Idomeni. #Flüchtlinge versuchen, den Grenzzaun zu überwinden.@Dewezet pic.twitter.com/g11cUJJQlJ
— Ulrich Behmann (@UBehmann) April 10, 2016
Според весникот неколку лица се повредени, но засега не се соопштуваат повеќе детали.
Според дел од информациите што се појавуваат на социјалните мрежи, мигрантите ја каменуваат полицијата.
Mazedonische Soldaten setzen Tränengas ein # Idomeni pic.twitter.com/x0YrIY1sBN
— Britta Jäger (@Britta_Jaeger) April 10, 2016
Грчките медиуми известуваат дека немирите почнале откако се појавила брошура на арапски јазик во која се повикувале мигрантите да се соберат на границата и да се обидат да ја преминат.
Не се работи за организиран обид за преминување на границата, туку за само 150 до 200 лица, велат од полицијата за локалните медиуми.
Според Ројтерс имало вкупно околу 500 лица кои што се обиделе да ја преминат границата.