Повторно високи корона-бројки: 45 починати и речиси 1.400 новозаразени

Во последните 24 часа во Македонија со направени 4.920 тестирања, а регистрирани се 1.394 нови случаи на зараза со коронавирусот, а во истиот период забележани се нови 45 смртни исходи кои се припишуваат на компликациите предизвикани од Covid-19, соопшти во саботата вечерта Министерството за здравство.

Од почетокот на епидемијата во земјата кон крајот на февраури минатата 2020 година, направени се досега вкупно 638.327 тестирања, со кои ковид-дијагностицирани лица се 134.134 лица, бројката на оздравени пациенти е 108.676, а бројот на активни случаи изнесува 21.553. Вкупниот број починати изнесува 3.905 луѓе, и според стапката на смртни исходи изминатите денови веќе за два дена Македонија може да го надмине психолошкиот праг од 4.000 починати во епидемијата.

Од пријавените 45 починати лица 15 од Скопје ( 95г , 88г , 88г , 87г ,84г , 84г , 83г , 76г , 74г , 74г , 72г , 69г , 69г , 60г и 50г ) , по 4 од Прилеп (82г , 71г , 56г , 54г) – по 3 од Тетово (80г , 75г , 74г, ) и Гостивар (80г ,74г, 66г) , – по 2 од Битола ( 79г и 71г) ,Куманово ( 76г и 67г ), Струмица ( 74г и 66г) , Кочани (68г и 63г) и Кичево ( 71г и 61г) – по 1 починат од Кавадарци (65г) , Штип (50г) , Гевгелија (65г) , Велес (83г) , Ресен (70г) , Радовиш (65г), Виница (70 г), Валандово (60г) , Демир Капија(72г)и Демир Хисар (66г). 44 пациенти се починати во болнички услови, додека еден пациент е починат во домашни услови.

Од регистрираните 1.394 нови случаи на коронаинфекција во Скопје се потврдени  592 зарази , во Куманово – 104, Битола – 101 ,Прилеп – 63,Велес – 60, Кавадарци – 50, Охрид – 39, Тетово -38, Штип – 37, Гостивар – 35, Струмица – 31, Кичево – 30, Кочани – 24, Неготино – 21, Свети Николе и Ресен – по 19, Гевгелија – 18, Струга – 17, Радовиш и Берово – по 14, Делчево и Виница – по 11, Крива Паланка – 10 ,Валандово – 8, Богданци – 6, Демир Капија – 5, Македонски Брод – 4, Дебар – 3, Пробиштип,Кратово и Пехчево – по 2, Крушево, Демир Хисар,Македонска Каменица и Дојран – по 1.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 59986, активни 10613
Прилеп 7253, активни 1130
Куманово 7124, активни 1047
Тетово 6435, активни 659
Битола 4738, активни 981
Велес 4678, активни 818
Гостивар 4647, активни 521
Кавадарци 4582, активни 749
Штип 4375, активни 499
Охрид 4258, активни 876
Струмица 3369, активни 408
Струга 2728, активни 274
Кочани 2321, активни 280
Кичево 2084, активни 228
Неготино 1979, активни 393
Гевгелија 1904, активни 415
Свети Николе 1304, активни 129
Крива Паланка 1099, активни 125
Ресен 1058, активни 199
Радовиш 940, активни 140
Берово 876, активни 130
Дебар 867, активни 63
Делчево 862, активни 104
Пробиштип 709, активни 100
Виница 641, активни 96
Валандово 542, активни 96
Крушево 439, активни 127
Богданци 423, активни 81
Демир Капија 369, активни 88
Кратово 336, активни 30
Демир Хисар 331, активни 44
Македонски Брод 312, активни 43
Пехчево 238, активни 37
Македонска Каменица 212, активни 18
Дојран 115, активни 12