Утрово нивоата аерозагаденоста во Скопје повторно се над дозволеното, а најзагадена општина е Ново Лисиче, како и Карпош.
Во Ново Лисиче загаденоста денеска изнесува 198 микрограми на метар кубен, во Карпош загаденоста изнесува 196 микрограми на метар кубен, додека во скопско Ѓорче Петров изнесува 180 микрограми на метар кубен.
Слична е ситуацијата и во скопска Гази Баба каде загаденоста е 177 микрограми на метар кубен.
Ништо поразлично не ниту во центарот на Скопје каде во општина Центар загаденоста изнесува 154 микрограми на метар кубен.
Најзагаден град пак освен Скопје во Македонија утрово е Куманово каде загаденоста изнесува 177 микрограми на метар кубен.