Повторно запален автобус во Северна Ирска

Четворица мажи грабнале и запалиле автобус во пробритански унионистички кварт во Северна Ирска во неделата ноќта, што е втор ваков инцидент во последните осум дена, а според медиумите причината е протоколот по истапувањето на Велика Британија од Европската унија со кој се наметнуваат трговски бариери на поделениот остров.

Полицијата соопшти дека примила извештај во нападот во областа Чрч Роад во Њутаунбеј, предградие на Белгсат, вечерта во неделата околу 19,45 часот по локално време.

„Пријавено е дека четворица мажи упаднале во автобус и им наредиле на патниците да излезат пред да го запалат автобусот. Областа на Чрч Роад е затворена и се спроведува истрага“ ,се наведува во извештајот на полицијата во кое се повикуваат граѓаните да ја избегуваат областа.

Автобускиот оператор „Tanslink“ објави дека возачот и малиот број патници биле засолнати и безбедни.

„Нашиот возач е силно потресен и му помагаат колегите. Многу сме разочарани од овој напад и заплашувањето на нашиот возач и на јавниот сообраќај во тоа подрачје. Силно го осудуваме таквото однесување и блиско ќе соработуваме да се истражи овој инцидент“, се наведува во изјавата.

Челникците на пробританската Демократска унионистички партија (DUP), Џефри Доналдсон, и на ирскатат суверенистичка Шин Фејн за Северне Белфаст, Гери Кели, остро го осудија насилството.

За северноирските медиуми тоа е очигледен протест против Протоколот за Северна Ирска, од делот од договорот за брегзитот со кој се избегнува тврдата граница меѓу Република Ирска, која е членка на Европската унија, и Северна Ирска, која е покраина на Обединетото Кралство.

Минатиот понеделник двајца маскира и вооружени мажи грабнаа, исто така, грабнаа и запалија автобус, а локалните медиуми објавија дека нападот е поврзан со тензиите поради трговските бариери по брегзитот.

Безредија, исто така, двапати избувнаа во западен Белфаст минатата седмица, кога полицијата е нападната со проектили и запалливи средства во националистичкиот кварт Спринглид Раод во лојалистичкиот Шанкил Роад во средата и петокот вечерта.

Немирите во средата следеа по протестот против Протоколот. Многу унионисти велат дека протоколот ги поткопува мирот во Северна Ирска, одвојувајќи ја од остатокот од Обединетото Кралство. Во тек се разговори меѓу Лондон и Брисел за да се олеснат трговските бариери.

Незадоволстовото на унионистите го предизвика во март и април најлошото насилство во Северна Ирска во последните неколку години, а исто така имаше грабнувања и опожарување автобуси. Кревкиот мир меѓу католичките Ирци кои тежнеат кој припојување на Република Ирска и протестантските пробритански унионисти, е склучен во 1998 година со Договорот на Велики петок.