Македонскиот преставник Шкендија е елиминирана во баражот од белгискиот тим Гент, а од македонските фудбалери двајца со своите екипи ќе бидат дел од групната фаза.
Муарем Муарем како член на Карабах постигна победа од 3:0 во реваншот над Гетеборг, а Муарем беше стрелец на еден гол и имаше една асистенција.
Агим Ибраими поради повреда не играше за Астана, а неговата екипа одигра 2:2 на гости кај БАТЕ и обезбеди пласман во групите.
Иван Тричковски и Даниел Мојсов (го одиграа целиот натпревар) со АЕК Ларнака и се елиминирани од Либерец откако во ревншот на гости загубија со 3:0.
Натпреварувањето го заврши и белградска Црвена Звезда, која во реваншот одигра 1:1 со Сасуоло, а македонскиот младински репрезентативец Давид Бабунски во игра влезе во 80.минута.
На реванш бараж дуелите нашиот судија Александар Ставрев со помошници од Македонија го судеа натпреварот Рапид Виена – Тренчин.
Извлекувањето на групите за Лига Европа ќе се одржи денеска во 13 часот во Монако.