![pozar-moskva-1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2015/12/pozar-moskva-1.jpg?resize=696%2C387&ssl=1)
Огромен пожар избувна во фабрика во Москва и се прошири на 15.000 метри квадратни, при што зафати петтокатница која се урна, јавува „Раша Тудеј“.
Пожарот бил во целост изгаснат околу 1.00 часот по полноќ, а во гаснењето учествувале речиси 100 пожарникари.
За среќа, во пожарот во кој никој не е повреден. Како што јавуваат руските медиуми огнот избил во една од поранешните работилници на фабриката, претворена во магацин. Огнот се проширил и на уште две петтокатници во близина.
Се претпоставува дека пожарот бил предизвика од експлозија на резервоар со бензин. Пламенот можел да се види и од неколку километри оддалеченост.
Тоа е најголем пожар што избил во Москва во последните 25 години.