![pozar tri cesmi stip](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/08/pozar-tri-cesmi-stip.jpg?resize=640%2C360&ssl=1)
Во пожар изгоре соблекувалната на фудбалското игралиште во штипската приградска населба Три Чешми, пренесува агеницијата МИА.
Надлежните од Територијалната противпожарна единица –Штип велат дека пожарот избувнал околу 12 часот и 30 минути и за кратко време го зафатил целиот објект.
Во гаснењето на пожарот интервенирано е со три противпожарни возила и шестмина пожарникари. Пожарот бил навреме локализиран, а огнените јазици зафатиле и дел од сувата трева околу игралиштето, со што е спречено да се прошират кон бензинската пумпа на Макпетрол, која се наоѓа на регионалниот пат Штип-Велес.
Во тек е увид на местото на пожарот од страна на екипи на СВР-Штип, кои треба да утврдат, кои се причините за овој пожар.