Пожар уништи четири села и усмрти 33 луѓе во Јужен Судан

9187845 - burning grass

Пожарот кој зафатил ниска вегетација, помогнат со силни ветрови, се проширил и уништил четири села во регионот на Западен Бахр ел Газал во Јужен Судан, усмртувајќи притоа 33 луѓе, објави портпаролот на претседателот.

Портпаролот истакнал дека 60 луѓе се во критична состојба по пожарот. Додал дека поради тоа бројот на жртвите би можело да се зголеми.

„Повредените имаат лекарска нега која е недоволна поради зафрленоста на локацијата каде што избувна пожарот“, рекол портпаролот Атени Век Атени во понеделникот вечерта.

Министерот за информирање на регионот Лол, Маток Вал, во вторникот прецизирал дека пожарот уништил и 138 куќи во округот Источен Корок при што настрадале околу 10.000 грла стока.