-2.2 C
Skopje
среда, февруари 5, 2025

Пожар уништи дуќан и две возила во Скопје

Вчера во 10:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Македонско Косовска бригада“ во тапетарски дуќан сопственост на 51-годишниот А.Д. настанал пожар, кој зафатил и две возила кои биле паркирани пред дуќанот.

Според информации на МВР, повредени лица нема. Пожарот бил локализиран од Бригадата за противпожарна заштита. Увид ќе се врши.