
Ноќеска, петнаесетина минути по полноќ, на булевар „Јане Сандански“ избувнал пожар во барака сопственост на општина Аеродром, во која имало тримери, косилици за трева и друг алат. Од огнот била зафатена и барака на ЈП „ Паркови и зеленило“.
Од полицијата информираа дека пожарот е локализиран, а во тек е увид на местото на настанот.