Во голем пожар вечерва изгоре фабрика за производство на брикети за огрев во Кавадараци. Повредени нема, пренесе МИА.
Како што информира командирот на територијалната противпожарна единица Илчо Богевски, направена е голема материјална штета која дополнително ќе се утврдува, како и причината за пожарот.
Богевски соопшти дека веднаш интервенирале во гаснење на пожарот со две противпожарни возила и петмина пожарникари.
На помош ни дојдоа и со по едно возило и со по двајца пожарникари, колегите од кавадаречките компании „Фени индустри” и „Кожувчанка”, како и колегите од територијалната противпожарна единица од Неготино. Два часа го гасневме пожарот, сега сме при крај со неговата локализација, изјави Богевски.