Пожар во куќа во Радовиш: Пожарникар е тешко повреден

Пожарникар е тешко повреден во пожар што избувна во попладнево во куќа во Радовиш.

Како што информира МИА, во огнената стихија целосно изгорел вториот кат и кровната конструкција на куќа во Радовиш. Пожарот избувнал попладнево на улицата „Партизанска“.

При гаснењето на пожарот, пожарникар е тешко повреден. Тој се здобил со скршеници на ногата, првично бил хоспитализиран во Клиничка болница-Штип, а поради сериозноста на повредите е испратен на Клиниките во Скопје.

Се запалил компјутерот, а потоа била зафатена и завесата

Се запалил компјутерот, а потоа била зафатена и завесата
Се запалил компјутерот, а потоа била зафатена и завесата

Командирот на ТППЕ – Радовиш, Ѓеро Коцев изјавил дека пожарот во 13 часот и 50 минути бил пријавен од страна на соседите, а сопственикот на куќата не бил дома.

-Во гаснењето на пожарот учествуваме девет пожарникари со три противпожарни возила, пламените јазици брзо се ширеа, бидејќи куќата е изградена од трска. Според увидот, кој е направен пожарот настанал најверојатно од компјутерот, а потоа се проширил на завесата и на останатат покуќнина, вели Коцев.

Додаде дека при интервенцијата, пожарникарите успеале да ја спасат и соседната куќа, чија кровна конструкција била на само неколку метри од опожарената куќа.