
Вчера настанал пожар во куќа во струшко Делогожда. Како што информира МВР ноќта помеѓу понеделникот и вторникот во 01.30 часот во ело.Делогожда, струшко, во куќа сопственост на Р.М. (53) од запален оџак настанал пожар.
Во пожарот изгорела половина од кровната конструкција, дел од мебелот во поткровјето и дел од покуќнината.
Од страна на Територијалната противпожарна единица-Струга пожарот е изгаснат. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ПС-Струга, а повредени лица нема.