Пожар во општина Желино, изгореа шума и дрвени бандери на ЕВН

Доцна синоќа, 10 минути по полноќ, во СВР Тетово било пријавено дека на место викано „Суроч“, атар на село Луковица, општина Желино, настанал пожар на шумски предел сопственост на ЈПУ-ЗПП „Јасен“-Скопје.

Со пожарот била зафатена нискостеблеста шума и биле оштетени четири  дрвени бандери од среднонапонска мрежа, сопственост на ЕВН – подружница Тетово.

Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

Увид извршила екипа од СВР Тетово.