Пожар во рафинеријата „Петролеос“ во Венецуела

„Петролеос“

Венецуелскиот „Петролеос“ порача на социјалната мрежа Твитер дека состојбата во рафинеријата е под контрола.

– Никој не е повреден и нафтените постројки не се оштетени, наведува компанијата, повикувајќи ги жителите да „останат присебни“.

Според локалните медиуми, властите ја евакуирале и болницата во близина на рафинеријата и ги префрлиле луѓето на безбедно место.