Пожар бил забележан пред два дена во Тетово во Универзитет на Југоисточна Европа.
Од полицијата информираат дека пожарот бил во котларата, а истиот бил забележан од страна на внатрешното обезбедување.
-Бил забележан пожар на кровната конструкција, при што истата целосно изгорела. Во моментот на пожарот котларата не била во функција односно не работела и повредени лица нема. Од страна на Територијалната противпожарна единица-Тетово во 00,15 часот пожарот бил локализиран, информираат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Тетово. Се работи на целосно расчистување на настанот.