Пожар во затворот во Охрид

Вчеравечер околу 22,10 часот од засега непознати причини избувнал пожар во Казнено поправната установа Охрид.

Опожарени биле две простории, а за среќа нема повредени лица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.