
Дванаесет лица се повредени во пожар кој избувнал во зграда во која престојувале работници во Германија.
Работниците во најголем дел биле од Бугарија и Полска.
Полицијата соопшти дека петмина од настраданите во овој пожар во градот Гуденсберг, во провинцијата Хесен, се потешко повредени.
Засега не е позната причината за пожарот, што довел до делумно уривање на полудрвената зграда.