Пожарот на фериботот „Прајд оф Кентербери“ во францускиото пристаниште Кале, е изгаснат. Нема жртви, соопшти претставник на компанијата сопственик на бродот.
– На Прајд оф Кентербери избувна пожар во машинското одделение додека навлегувал во Кале. Огнот е изгаснат со помош на противпожарен систем на бродот. Нема жртви и бродот безбедно го напуштиле сите патници, информираше компанијата Пи енд Оу ферис.
Како што информираат светските медиуми од фериботот биле евакуирани повеќе од 450 лица.
Фериботот тргнал од Довер со 337 патници и 119 членови на екипажот, кои со помош на француската полиција и пожарникарите биле извлечени на сигурно.