![gostivar pozar baraki](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/11/gostivar-pozar-baraki.jpg?resize=696%2C454&ssl=1)
Во пожар што избувна рано утрово на улицата „Илинденска“ во Гостивар, целосно изгореа четири бараки. Во огнената стихија нема настрадани.
Според првичните информации на жителите и очевидци, огнот се појавил утрово околу 5 часот и брзо се раширил. Од огнот настрадаа домовите на осум семејства од кои најголемиот дел се социјални случаи. Непознати се причините за настанување на пожарот, а семејствата бараат сместување, бидејќи како што рекоа, во огнот им изгореле покуќнината и сиот имот.
Заради староста на објектите и запалливиот материјал, интервенцијата на пожарникарите не била ефикасна, иако огнот бил брзо локализиран.