Пожар кај село Селце, прилепско

Пред околу еден час избувна голем пожар кај манастирот „Свети Димитрија“ кај прилепското село Селце. Пожарот се прошири накај блиската борова шума и засега нема опасност за манастирот.

Единицата на прилепската противпожарна единица е во манастирот на терен, а поради страв пожарот да не го зафати манастирот покрај пожарникарите се ангажирани и вработени во јавните претпријатија.

Се очекува интервенција на авиони канадери за гаснење на пожарот.