Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 2 047 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 49,29%, а 50,71% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 71,03%, кон Итната медицинска помош 25,86%, а кон пожарникарите 2,42% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 1 040 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 0,69% и на 50,71% именувани како „не итни повици“. Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи.
Последното деноноќие имало четири пожари на отворено. Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека БППЗ на град Скопје имала една помала интервенција. РЦУК Битола, известува дека пожарникарите од ТППЕ Ресен од 14.00 до 14.40 часот, со два пожарникара и едно ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација на површина од 0,5 хектари кај с.Грнчари и дека ТППЕ Прилеп, од 20.20 до 22.23 часот, со три пожарникари и едно ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација во атарот на с.Стровија.
РЦУК Штип известува дека вчера во 14.43 часот, преку Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК е добиена пријава за пожар кај туристичката населба „Абланица“ во близина на Беровско Езеро. Опожарени се нискостеблести растенија и ниска вегетација.
Пожарот е изгаснат во 17.25 часот, а за сериозноста и потенцијалната опасност на пожарот кажува фактот дека од ТППЕ Берово интервенирале со седум пожарникари и три ПП возила, а биле вклучени и вработени од ЈП „Национални шуми“ – подружница „Малешево“ од Берово, коишто на терен останале и после гаснењето на пожарот, заради контрола на опожарената површина, за случајно да не се разгори повторно и да не се прошири во квалитетна шума.
ЦУК апелира и потсетува, да не се пали вегетација на отворено и за редовно чистење на локалните одводни канали и да не се фрлаат отпадоци во нив. Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е потребно и корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.