![galicica13](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/galicica13.jpg?resize=636%2C480&ssl=1)
Пожарот којшто беше активен на албанска територија на планината Галичица со помош на ветрот е веќе преминат на македонска територија кај граничниот Камен Ф9. Екипи на Националниот парк „Галичица“ и граничната полиција во моментов се на терен, затоа што постои опасност од проширување на пожарот и може да биде зафатена и заштитената зона од шума на Националниот парк „Галичица“, информираат од Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на информации од РЦУК Охрид.
– Во моментов гори сува трева, грмушки и ниска деградирана ретка шума и поради тоа што теренот е непристапен за гасење од земја со човечка сила ќе се следи состојбата во текот на денешниот ден од страна на екипи на Националниот парк „Галичица“ и граничната полиција – велат од ЦУК.
Оттаму информираат дека во текот на вчерашниот и денешниот ден низ земјава се појавени неколку мали пожари на сува трева и стрништа, како и диви депонии коишто беа за брзо време изгаснати од страна на надлежните институции.