Утрово изби пожар на планината Јакупица, над село Горна Вранешница, во близина на велешкото село Богомила.
Гори сува трева, но има опасност од проширување на пожарот во шумата.
Моментално, екипа на ЈП „Национални шуми“ се обидува да воспостави контрола, информираше Центарот за управување со кризи (ЦУК).
„Дополнително ќе се процени дали ќе биде неопходна воздушна поддршка со полициски хеликоптери“, информираат од Центарот за управување со кризи.