
Пожар избувна вечерва над селото Горно Свиларе, во околината на Скопје.
Од скопската Бригада за против пожарна заштита, за МИА изјавија дека упатено е едно возило со тим пожарникари, но не можеле да интервенираат поради непристапноста на теренот.
Од Центарот за управување со кризи, информираа дека гори претежно трева и грмушки на непристапниот терен.
-Поради ниските температури има големи шанси пожарот да изгасне сам во текот на ноќта. Доколку утре наутро пожарот се уште е активен ќе ангажираме воздухоплови, наведуваат од ЦУК.
„Информиран сум за пожарот кој во моментов се уште беснее на ридот над Кондово, односно на пределот кон с. Рашче.
Сите надлежни институции се навремено информирани и ситуацијата е под контрола. Будно ја следиме ситуацијата и доколку е потребно, веднаш дополнително ќе се интервенира.
Апелирам за смиреност помеѓу жителите на Ѓорче Петров, се со цел да не се создава непотребна паника кај населението“, апелира градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Стојовски.