Пожар над рудникот Р’жаново, се стравува од проширување

Пожар го зафати надповршинскиот коп на рудникот Р’жаново под планината Кожуф. Гори површина од околу пет хектари, а надлежните стравуваат дека огнот може да се прошири на високостеблестата шума.

„Пламените јазици се закануваат да ја зафатат високостеблестата шума од црн бор и бука. Со сите сили се обидуваме да го спречиме тоа и да го ставиме огнот под контрола“, изјави Петко Ристовски од кавадаречката подружница на ЈП „Македонски шуми”.

Според него, засега се на терен две екипи од подружницата „Бор” од Кавадарци, а се очекува и дополнителна помош од работници за гаснење на пожарот.