Како што сме известени од читател, кој ни ја испрати и оваа фотографија, во моментов пожар се појави над селото Љубин, во населбата Сарај.
Гори шума во близина на неодамна промовираниот комплекс „Планет“, каде што треба да никнат луксузни вили.
Очевидци велат дека мајсторите на терен работат комотно, како ништо да не се случува. Од Противпожарната служба ни рекоа дека не терен се испратени две возила за гасење пожар.