
На 11.05.2022 во 02:30 часот во Полициската станица Гази Баба било пријавено дека на паркинг просторот на ул.„Ташко Караџа“ настанал пожар во патничко возило „БМВ“, сопственост на Д.Д.(38) од Скопје.
Од пожарот биле зафатени и патничко возило „пежо 207“, сопственост на правно лице од Скопје и патничко возило „ауди А2“, сопственост на Х.С.(28) од Скопје, сите со скопски регистарски ознаки.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.
Увид бил извршен.