Пожар во дуќан во Кисела Вода

Пожар попладнево избувнал во дуќан во скопската општина Кисела Вода во близина на бензинска пумпа на „Макпетрол“.

– Пожарот е изгаснат за кратко време, вели командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Звонко Томески во изјава за МИА.

На терен биле испратени осум пожарникари со три противпожарни возаила. Дојавата за пожарот е примена околу 19 часот.