Пожар во исламскиот центар во Тексас

Голем пожар, за кој полицијата смета дека е подметнат, ја уништи зградата на Исламскиот центар во Хјустон, во американската држава Тексас.

– Пожарот беше толку силен што е уништена целата зграда, соопшти Исламскиот институт Куба на социјалната мрежа Фејсбук.

Локална телевизија емтиуваше снимка на пожарот во зградата која главно служи за складирање книги.