
Денеска во 03.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во кругот на Касарната Ѓорче Петров настанал пожар во еден објект.
Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.