Пожар во куќа и физички напади во Кичево

Ноќта кон неделата кичевската полиција имала полни раце работа, по дојави за пожар во семејна куќа и два физички напада, а притоа приоведен е сопственикот на опожарениот објект, соопшти Министерствово за надворешни работи.

Околу 22, 30 часот, во куќа на улицата „Стојан Сандески“ во Кичево, сопственост на 51-годишниот Е.Т., се случил пожар во кој целосно изгореле внатрешните простории, кровната конструкција и делови од покуќнината.

Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Кичево, а по извршен увид, полициски службеници го лишиле од слобода сопственикот на куќата, информираат од СВР Охрид.

Во раните утрински часови, односно во 1,20 часот, во полициската станица Кичево, 22-годишниот А.Ј. од кичевското село Другово пријавила дека на локален пат во селото, физички била нападната од М.К. од селото Осој. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Малку подоцна, околу 3 часот, во полициската станица Кичево, 29-годишниот Т.А. пријавил дека во патнички автомобил „ауди“ бил физички нападнат од Л.В. од Кичево. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.