![kisela voda cad pozar](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2024/11/kisela-voda-cad-pozar.png?resize=621%2C557&ssl=1)
Голем пожар избувна во магацинскиот простор за стари вагони во објектот на Македонски железници транспорт во Кисела Вода.
Пожарот, според првичните информации, избувнал уште ноќеска.
Во моментов се гледа и црн чад како се крева од објектот, а екипи на терен се обидуваат да се справат со огнените јазици.
Причината и штетата дополнително ќе се утврдуваат. Засега нема информација за повредени.