Денеска избувнал пожар во московкста болница Комунарка која е главен центар за лекување на пациенти кои се позитивни на новата болест.
Телевизискиот канал НТВ сооошти дека пожарот избувнал во дел од медицинскиот комплекс. Пред пожарот се слушнал и силен тресок, додава телевизијата НТВ.
Дел од руските медиуми цитираат извор од болницата кој кажал дека станува збор за зграда во изградба и дека во неа немало пациенти.
Во Русија во октомври веќе имаше пожар во ваков центар за лекување на позитивни пациенти.