Гори напуштена куќа во Мичурин. Објектот е лоциран на Петар Ацев бр.25.
Пожарникарите се борат со огнената стихија. Се извиваат големи облаци чад. Соседите ги тргаат автомобилите кои се во близина. Пожарникарите се трудат да го стават огнот под контрола за да не ги зафати и околните дрвја.
Пожарот избил на првиот кат. Постојат сомнежи дека лицата кои се собираат во напуштената куќа го предизвикале пожарот. Пред некој ден во центарот на Скопје исто гореше куќа.