Пожар во стан на 83 годишна скопјанка

Вчера во Скопје избувнал пожар во стан на скопјанка во Аеродром.

МВР инормира дека на 20.10.2024 во 09.38 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во стан на подрачјето на Општина Аеродром во Скопје, сопственост на В.А.(83) од Скопје.

„Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а од Итна медицинска помош на сопственичката В.А. и била укажана помош поради вдишување чад, истакнуваат од МВР.

Извршен е увид.