Пожар изби во зградата на кумановскиот основен суд. Пожарот бил пријавен ноќеска околу 2 часот по полноќ
Пожарникарски тимови се уште се наоѓаат на местото, повредени нема.
Пожарот избувнал во подрумскиот дел во една од просториите. Во тој дел на судот се наоѓа архива од предмети од минатото.
На терен интервенирале два камиони и седум пожарникари, соопштија од Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК).
– Опожарен е подрумскиот дел на зградата каде се наоѓа архивата на судот. Единицата во текот на ноќта делуваше со два камиони и 7 пожарникари. Пожарот е локализиран, екипата е сè уште е на терен, велат од ЦУК.
Во зградата се наоѓа и основното јавно обвинителство како и неколку јавни претпријатија. Судот во Куманово се наоѓа во непосредна близина на полициската станица и на зградата на општина Куманово.