Пожар избувна во автобус со туристи во Грција со кој патувале 22 американски студенти и нивниот професор.
Автобусот се запалил на автопат од засега непознати причини. При инцидентот нема повредени.
Студентите биле на екскурзија на полуостровот Пелопонез, а по инцидентот тие биле префрлени во друг автобус.