
На 18.08.2020 во 11.30 во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во угостителски објект на бул.„Александар Македонски“.
Притоа, со повреди се здобиле Н.Т.(36) и Љ.Т.(52), двајцата од Скопје, кои се обиделе да го изгаснат огнот, по што биле пренесени во ГОБ „8 Септември“ за укажување на лекарска помош. За настанот бил известен трудов инспектор, а пожарот бил изгаснат од останатите вработени.