Пожар во велешко

Голем пожар беснее во атарот на селата Челошево и Дорутовец, велешко. Според првичните информации од противпожарната единица, најголем дел од пожарот опфака нискостеблеста шума. Пожарот во противпожарната единица во Велес е пријавен во 14.40 минути, пренесе МИА.

На терен испаднати се две екипи со три возила а во процесот на гаснење вклучена е и екипа на Јавното претпријатие Македонски шуми, подружница Бабуна, Велес.

Првичните информации говорат дека пламените јазици веќе зафатиле делови од шумата крај село Челошево. Гори бор и чемпрес.

Според информациите од терен, жителите од село Челошево веќе се организираат за вклучување во акцијата за гаснење на пожарот.

Неофицијално опожарени се и површини засадени со лозје и тутун.