Пожар во здравствена установа во Полска, најмалку четворица загинати

Најмалку четири лица загинаа денеска во пожар што избувна во установа за палијативна здравствена нега во Полска.

Како што пренесуваат полските медиуми, во болница се превезени 21 лице.

Портпаролот на пожарникарите изјави дека сите жртви биле пациенти во установа во Хојњице, град во северна Полска.

– Причината за пожарот најверојатно е цигара, што ја запалил вработен во установата, изјави полицискиот службеник Михал Сиенкиевич за ТВН24.