Пожар загрозува национален парк во Чешка

Пожар со историски размери кој бесни во чешкиот национален парк Чешка Швајцарија и натаму се шири и покрај големите напори на пожарникарите да го стават под контрола, известија во неделата локалните власти.

Пожарот зафатил подрачје од илјада хектари. Тешко е да се контролира поради тешкиот терен, рекол за медиумите портпаролот на службата за итни реакции.

Огнот избувнал уште минатиот викенд во споменатиот чешки национален парк, а во понеделникот се проширил преку границата до германскиот национален парк Саксонска Швајцарија.

Постојано за справување со огнената стихија се ангажирани околу 750 пожарникари, а во меѓувреме од цела Чешка се испратени дополнителни противпожарни сили.

На помош се ангажирани шест хеликоптери и пет противпожарни авиони кои започнаа со активностите откако се утринската магла.

Досега повреди осум лица кои се борат со огнената стихија, од кои се неколку се здобиле со тешки повреди.

На планинарите засега им е забранет влезот во чешкиот национален парк. Овој голем шумски пожар се смета за еден од најголемите во историјата на Чешка. Се верува дека го предизвикало човечко невнимание.