Пожари и на Халкидики

Според грчката „Прототема“, пожарот избувнал меѓу Метаморфози и Никити. На терен се 37 пожарникари со 12 возила од кои две противпожарни возила од Бугарија со 10 лица-пожарникари.

Во оваа област бил испратен и хеликоптер. Во моментов не се загрозени станбените области.

За потсетување, Грција со денови се бори со шумските пожари што беснеат на Родос, Крф и Евија.