Пожари во Куманово и во Старо Нагоричане

Два пожарa се случиле изминатово деноноќие на подрачјето на Куманово и на Старо Нагоричане, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи Куманово.

Гром го предизвикал пожарот во Старо Нагоричане во село Добрача каде изгореле 500 бали слама во опожарен помошен објект.

– Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане интервенирала од 18:15 часот со едно возило и двајца пожарникари во село Добрача на запалена плевна. Од гром биле запалени 500 бали слама пожарот е ставен под контрола во 21:50 часот – информираше РЦУК Куманово.

Кумановската територијална противпожарна единица интервенираше на пожар на „дивата“ депонијата, на улицата „Ѓорче Петров“ на запалено ѓубре во периодот од 20:20 до 20:50 часот со едно противпожарно возило и троца пожарникари.