За време на Бадниковата вечер и Божик во Полска се случиле 460 пожари во кои загинале 14 лица, а 27 се сериозно повредени, информираше полската Пожарникарска служба.
– Ова се најтрагични празници во последните неколку години, во споредба со претходно, кога во пожари немавме повеќе од осум жртви, изјави портпаролот на пожарникарите Павел Фратчак.
Полските пожарникари сметаат дека е можно вкупниот биланс да биде уште потрагичен, пренесе дописникот на МИА од Прага.
Според пожарникарите, најопасни се пожарите кои избувнуваат ноќе и посебно тие кои се предизвикани поради неисправно користење на гасни или електрични апарати за топлење.
Ризик се и новогодишните украси, кои можат да предизвикаат пожари кога луѓето спијат.